Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Со дигитализација против корупција – граѓаните анонимно преку интернет ќе може да пријават мито

Нулта толеранција за корупцијата, а поддршка за граѓаните кои ќе пријавуваат коруптивни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нулта толеранција за корупцијата, а поддршка за граѓаните кои ќе пријавуваат коруптивни дела – МВР преку дигитализација ќе се бори и против корупцијата во своите редови но и во сите институции. Во план е да се стави во функција веб страница преку која граѓаните ќе можат анонимно да пријавуваат, но директорот на БЈБ, Александар Јанев вели дека имаат и механизам како да се препознаваат лажни пријави.

  • „Корупцијата е двосмерна. Може да има некој што ќе бара, но доколку нема некој што ќе дава, тогаш поедноставно ја сузбиваме. Тој е едниот сегмент и вториот сегмент, во МВР интензивно работиме на дигитализцијата. На интерните процедури и внатрешната комуникација, каде што нема да се плаши полицискиот службеник кога ќе напише одредена информација против некој негов надреден, локален или регионален моќник, или државен моќник“ рече Александар Јанев – Директор на БЈБ.

Мојца Кузмички, експерт за антикорупција и перење пари, смета дека кампањата „Нула корупција – ајде да е вистина“ освен што ќе придонесе за подигање на свеста ќе влијае и во градењето доверба во институциите.

  • „Само преку соработка на граѓаните, органите за спроведување на законот и граѓанското општество можеме да изградиме потранспарентна, поправедна и доверлива држава. Со денешниот настан отвораме ново поглавје во кое секој поединец е дел од решението,“ нагласи таа..

МВР веќе ја започна дигитализацијата на граничните премини кој ги смести криминалците зад решетки. Ситемот „Оne stop“ веќе функционира на границите кон Косово, а помогнал бегалци од правдата да бидат фатени. На ист начин ќе функционираат граничните премини кон Србија.

Реклама
  • „Во контекст на дигитализацијата можам да кажам дека бројките се солидни во начинот на тоа што откриваме на граничните премини, колку лица се детектирани по потерници и изведени пред лицето на правдата, нешто што не беше случај пред два месеца“ – рече Јанев.

„One Stop“ веќе функционира на Блаце и на Јажинце. Откако ќе се реализира и на граничните премин со па ќе следува имплементација и со Албанија.