Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Мицкоски: Со науката можеме да одиме напред, без силно образование не можеме да имаме силен раст на државата

Премиерот на Владата, Христијан Мицкоски присуствуваше на инфоден за можностите за поддршка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот на Владата, Христијан Мицкоски присуствуваше на инфоден за можностите за поддршка на научно-истражувачката дејност во Македонија организиран од Машинскиот факултет – Скопје и Министерството за образование и наука во соработка со Здружениот истражувачки центар на Европската комисија.

-Добро е човек да е дома, ова е мојата институција, Машинскиот факултет во Скопје и многу сум среќен и чуствувам некоја емоција, бидејќи самиот настан е порака дека фокусот на оваа Влада во соработка со Машинскиот факултет, Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, канцеларијата на Европската комисија кај нас е науката. Тоа е многу важно, бидејќи само со науката можеме да одиме напред, ако ја развиваме науката можеме да одиме напред. Без силна наука, без силно образование, без силно високо образование, но и не само високо, образованието треба да биде силно уште од предшколска возраст, основното, средното па високото. Не можеме да имаме силен раст на државата, не можеме да имаме раст на економијата а со самото тоа понатаму и во другите сектори, изјави Мицкоски.

Тој потенцира дека е добро е што ќе има размена на научници.

Реклама

-Добро е што наши научници ќе патуваат надвор, од таму ќе доаѓаат научници кај нас. Со тоа се прави трансфер на знаења, се прави мрежа, се публикуваат научни трудови, но се помага и на индустријата. Тоа е многу важно дека сите овие научни достигнувања кои што очекуваме да бидат резултат од овој проект да помогнат за развој на индустријата со тоа и на економијата.

Генерално, за мене е посебен ден, каде ваквите нстани и проекти ја имаат нашата целосна поддршка како Влада, потенцира Мицкоски.

Министерството за образование и наука неодамна потпиша Рамковен договор за истражување со Здружениот истражувачки центар на Европската комисија, со што се отвораат нови перспективи за развој на научните истражувања во Македонија.