Реклама

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Леб по 126 денари, 250 неупотребливи душеци – пропусти во јавните набавки на студентскиот дом „Пелагонија“

Мицкоски: БДП расте побрзо од јавниот долг, споредбата со СДСМ и ДУИ покажува далеку подобри економски резултати

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Македонија

За три дена 109 повредени лица од Кочани ги доставија своите барања и предлози

109 граѓани за три дена од пуштање на телефонската линија за повредените…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

109 граѓани за три дена од пуштање на телефонската линија за повредените лица и нивните семејства која е во директна комуникација со Канцеларијата на Претседателот на Владата ја искористиле можноста и доставиле свои барања и предлози, соопшти прес службата на Владата на Македонија.

„Ова покажува дека оваа телефонска линија дава резултат и дека Владата е отворена за секаква сугестија и идеја.

Како Влада преку низа на мерки помагаме за помош на повредените и нивните семејства.

Реклама

Ова е заедничка борба и нема да отстапиме од неа, бидејќи секој граѓанин има право на соодветна здравствена заштита и медицинска нега, токму поради тоа како Влада донесовме одлука за рехабилитација во Пониква на повредените лица кои се во стабилна здравствена состојба, но им е потребна дополнителна медицинска услуга.

Тим на лекари од 10 јуни до 20 август во рехабилитацискиот центар Пониква на сите лица ќе им пружат дополнителна медицинска грижа, но и психолошка поддршка.

Водено, ги повикуваме и ги охрабруваме сите повредени лица кои се засегнати да се јават на телефонскиот број 070/355-526 и да ги изразат своите барања и потреби.

Владата е целосно отворена за соработка“, потенцираат од Влада.

-Продолжуваме да ја менуваме Македонија и да создаваме дела и резултати, во интерес на граѓаните. Државата е на патот на промените, нотираат во соопштението.