Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Економија

Перински: Развојот на општините и унапредувањето на квалитетот на живот на сите граѓани е наш приоритет

Министерот за локална самоуправа Златко Перински заедно со градоначалникот на Гази Баба,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за локална самоуправа Златко Перински заедно со градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, денеска извршија увид во градежните активности за изградба на вакумска фекална канализација во Јурумлери зона 1 и зона 2 со вкупна должина од 4071 метар, а ја најавија и втората фаза од изведбата на проектот. За неа, Општината аплицираше на вториот владин повик за поддршка на општински инфраструктурни проекти, чија вкупна вредност изнесува нецели 150 милиони денари, од кои речиси 145 милиони денари се побаруваат од Министерство за животна средина и просторно планирање, а останатите се кофинансирани од страна на општината.

Градоначалникот Стефковски истакна дека станува збор за проект особено значаен за Јурумлери и дека покрај новата канализациска мрежа, ќе се изградат и 189 индивидуални приклучоци за домаќинствата, со што значително ќе се подобри животот на граѓаните, како и квалитетот на животната средина и јавната хигиена. Притоа, посочи дека за последната фаза од овој проект аплицирале за средства на вториот владин повик за поддршка на инфраструктурни општински проекти и со чија реализација цело населено место ќе има канализациска мрежа со пречистителна станица.

– Владата покажува вистински партнерски однос кон граѓаните. Поддршката што ја добиваме се двигател за реализација на проекти кои се од суштинско значење за локалниот развој, истакна градоначалникот.

Реклама

Според министерот Перински, овој проект е уште еден доказ за перманентна посветеност на Општината во насока на инвестиции и постигнување на рамномерен развој на целата територија на Гази Баба, а што претставува императив за Владата.

– Станува збор за историски проект. Првата фаза е целосно финансирана од општинскиот буџет, а за втората фаза и комплетна реализација ние како централна власт ќе одвоиме близу 150 милиони денари. Навистина сум горд, заради тоа што кумулативно за овој проект ќе се издвојат близу 3,5 милиони евра и ќе се реши еден децениски проблем“, изјави министерот, кој посочи дека централната власт преку двата јавни повици ги поддржува општините со околу 20 милијарди денари. Во насока на локален развој, истакна Перински, Министерството за локална самоуправа, преку Програмата за намалување на диспаритети, потпиша нови 38 договори за нови проекти во висина од околу 88 милиони денари, а минатата недела, на седница на Советот за рамномерен регионален развој, донесена е предлог-одлука за поддршка на 47 проекти, за кои ќе се издвојат 116 милиони денари, кои ќе се реализираат во сите региони во државата.

– Ние како Влада, не само што продолжуваме во континуитет да ги поддржуваме сите општини во Македонија, туку истото го интензивираме. Ова што го кажав пред малку е доказ за тоа и јас сум убеден дека за многу кратко време ќе ги подобриме условите и ќе го подигнеме квалитетот на живот на сите граѓани во сите општини во Македонија, истакна министерот.