Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

Началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Унгарија, во официјална посета на АРМ

Делегација на Вооружените сили (ВС) на Унгарија, предводена од началникот на Генералштабот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делегација на Вооружените сили (ВС) на Унгарија, предводена од началникот на Генералштабот на ВС, генерал Габор Беренди престојува во дводневна официјална посета на Армијата на Македонија.

По приемот со високи воени почести, во Кампот за обука на вода во Охрид, генерал Габор Беренди оствари средба со својот домаќин, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски. На средбата се разговараше за досегашната билатерална соработка помеѓу двете сојузнички НАТО армии и можностите за понатамошно унапредување на истата, преку конкретни активности од заемен интерес (обука и вежби, размена на искуства и користење на капацитетите за обука). Притоа беше констатирано дека билатералната меѓу армиска соработка, која во континуитет е на високо ниво, придонесува кон безбедноста и стабилноста во регионот.

За време на официјалниот состанок, делегацијата од ВС на Унгарија беше запознаена со процесот на трансформација и модернизација на Армијата на Македонија, структурата на специјалните сили, билатералната соработка помеѓу специјалните сили и капацитетите на АП „Криволак“.

Реклама

Во рамки на заедничката обука со специјалните сили на ВС на Унгарија беше изведена методско-показна вежба „Препад на пловен објект и командно место“, како и тактичко-технички збор на кој беше прикажана дел од опремата која се користи за време на обуката. По завршување на вежбата генералите истакнаа дека со оваа заедничка обука, покрај зајакнување на интероперабилноста се зајакнува и меѓусебното пријателство.

Поддршката за време на природни непогоди, како и учеството на припадници на воениот оркестар на ВС на Унгарија на концертот кој традиционално се изведува неколку години во пресрет на Нова година, дополнително го зајакнува силното партнерство и соработка.