Реклама

Мицкоски: БДП расте побрзо од јавниот долг, споредбата со СДСМ и ДУИ покажува далеку подобри економски резултати

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Македонија

Проценка од закани од сериозен и организиран криминал – СОКТА 2025

Денеска на настан во организација на Министерството за внатрешни работи се одржа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денеска на настан во организација на Министерството за внатрешни работи се одржа промоција на документот „Проценка од закани од сериозен и организиран криминал – СОКТА 2025“.

Овој настан организиран со поддршка од ЕУ за зајакнување на борбата против криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе за Западен Балкан (EU4FAST), претставува клучен чекор во унапредувањето на националните капацитети за справување со предизвиците поврзани со сериозниот и организираниот криминал.

Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев во своето обраќање потенцираше дека СОКТА 2025 претставува продолжение на стратешкиот циклус за проценка на закани, со цел утврдување на приоритети, како и креирање стратегии и зајакнување на институционалните и оперативните капацитети и потврди дека самиот документ ќе придонесе за поголема ефективност во превенцијата и борбата против криминалот преку сеопфатен, координиран и стратешки пристап.

Реклама

– Борбата со организираниот и сериозниот криминал е предизвик кој заслужува внимание од сите чинители кои се надлежни и должни да постапуваат и да се борат против криминалот во овој домен. Токму ова е и целта на оваа Проценка, која претставува систематски изработен стратешки документ кој има за цел да ги детектира заканите од организиран и сериозен криминал, вклучувајќи ги и оние кои се реално присутни и заканувачки во овој период, како и оние кои се во настанување или може да се развијат во следниот период, образложи директорот Јанев.

Директорот на БЈБ Јанев на крај заклучи дека Проценката е системска алатка за градење на Национална стратегија за борба против организираниот криминал, која е неопходно да биде донесена и како формален документ кој ќе биде основа и императив за постапување на сите чинители кои се вклучени во овој домен.