Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Влада: Пониква станува рехабилитациски центар за повредените од трагедијата во Кочани

На денешната 82 редовна седница на Владата и официјално се усвои информација…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На денешната 82 редовна седница на Владата и официјално се усвои информација за потреба од обезбедување на рехабилитација во Пониква, за потребите на пациенти.

Со оглед на природата на повредите, особено кај пациенти кои претрпеле сериозни изгореници, неопходна е долгорочна и специјализирана нега, физиотерапија, психолошка поддршка и континуиран медицински надзор. Туристичкиот центар во Пониква, со своите природни и технички услови, е соодветна локација за спроведување на овој тип рехабилитација.

-Потребите кои ќе бидат обезбедени се однесуваат на сместување и терапевтски капацитет за повредените пациенти, ангажман на медицински и физиотерапевтски тим со специјална обука во третман на изгореници, обезбедување психолошка поддршка за пациентите и нивните семејства како и континуирана комуникација со болниците и специјалистите кои ги третираат пациентите во акутната фаза.

Реклама

Оваа иницијатива ќе придонесе не само за физичко заздравување, туку и за психосоцијална стабилизација на повредените лица, со што ќе се забрза нивниот повраток во секојдневниот живот.

Во насока на обезбедување континуитет во здравствената заштита и рехабилитација на пациентите сакаме да информираме дека планот, распоредот, начинот на спроведување на продолжената медицинска рехабилитација, како и обезбедувањето на соодветни медицински тимови, ќе биде изготвен од страна на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Кочани, во соработка со: Министерството за здравство, Јавните здравствени установи вклучени во третманот и рехабилитацијата на повредените пациенти, како и во согласност со потребите и состојбата на самите пациенти и нивните семејства, информираат од Владата.

Во таа насока, Владата ја усвои Информацијата за потреба од обезбедување на рехабилитација во Пониква и го задолжи Министерството за внатрешни работи да ги стави на располагање сместувачките капацитети во одморалиштето во Пониква за период од 10 јуни до 20 август.

Владата го задолжи Министерството за здравство во соработка со ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кочани и Работната група формирана од Владата во соработка со пациентите да го донесе оперативниот план за рехабилитација. Исто така, трошоците за сместување и оброк на пациентите, како и оброк за медицинскиот кадар се на товар на Министерството за внатрешни работи.