Реклама
Македонија

Контроверзниот бизнисмен Крмзов замина зад решетки во Шутка, осомничен е за криминал тежок над 90 милиони евра

Кумашинот на Вице Заев, контроверзниот струмички бизнисмен Ристо Крмзов замина зад решетки…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кумашинот на Вице Заев, контроверзниот струмички бизнисмен Ристо Крмзов замина зад решетки во Шутка. Судот му определи 30 дневен притвор како прво осомничен во случај за даночен криминал тежок над 90 милиони евра.

Според обвинителството, заедно со него, приведени се вкупно 22 луѓе, од кои 8 се инспектори на УЈП, четворица се сметководители, а останатите се негови роднини и пријатели кои биле директори на неговите фирми. Тие се осомничени дека со фиктивни купопродажни договори земале поврат на ДДВ, кој не им следувал. Инспекторите од УЈП, кои наместо да го фатат криминалот, ја прифаќале лажната документација обработена од сметководителите, а подготвена од директорите на фирмите на Крмзов. Станува збор за криминал од нешто над 90 милиони евра. Освен притворот, судот му ги замрзна сите лични сметки и целиот имот на Крмзов, но и на неговите фирми. Од обвинителството немаат проценка дали и со евентуална заплена на овој имот би можела да се надомести милионската штета на буџетот.