Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

Јаневска: Учебници ќе има за секое дете, ќе ги надминеме недоразбирањата со некои училишта и општини

Министерката за образование и наука Весна Јаневска при денешната работна посета на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за образование и наука Весна Јаневска при денешната работна посета на Тетово изјави дека наредната учебна година ќе има учебници за секое дете и оти дотогаш ќе се надминат одредени недоразбирања што постојат на релации министерство-општини-училишта.

-Очигледно има некакви недоразбирања меѓу раководствата на училиштата, па и меѓу некои општини и централната власт. Учебници треба да има за секое дете. Министерството ќе обезбеди учебник за секое дете. Постојат нeкои недоразбирања каде што се бара учебници кои реално ги нема и реално нема ни учебници затоа што училиштата не ги побарале од министерството. Оваа година сериозно ќе се потрудиме тој предизвик да го надминеме и токму затоа утре ќе имаме прес-конференција. Молам да следите сè во детали, ќе биде опишано за да не доаѓа до такви недоразбирања, истакна Јаневска на последниот ден од учебната година и по повод завршената реконструкција на ОУ „Андреја Савески – Ќиќиш“ во Тетово.

На новинарско прашање зошто нема наставници за албански јазик во дијаспората, Јаневска рече дека недостиг има и за двата јазика (македонски и албански) и оти се работи на наоѓање решение.

Реклама

-Нема ни кај Албанците ни кај Македонците. Во тек сме и со тој проблем. Планираме секоја година да зголемуваме одреден број, но имав искуство во неколку држави во кои иселениците сами се организираат да си најдат наставник од локално ниво. Оти тие меѓу себе имаат и по некој наставник. Доколку тие го обезбедат наставникот, затоа што е полесно да е од таму отколку да патува од Македонија и да има одвоен живот од семејството, ние максимално ќе ги поддржиме. И не е битно дали се Албанци или Македонци, и Турци и Срби и така натаму, секаде каде што има потреба, максимално ќе ја поддржиме и ќе направиме сè што можеме, одговори Јаневска.

На прашање до кога ќе се чекаат одредени реконструкции или нови згради за училишта низ државата, Јаневска посочи дека новата влада постојано вложува во инфраструктурата, но оцени дека за една година може да се направат само определени работи.

Соопшти дека со 32 000 000 евра се инвестира во повеќе инфраструктурни проекти – во моментов се градат седум училишни згради, 20 училишта се реновираат, во тек е изградба на четири спортски сали и се реконструираат два студентски дома.