Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Нови шалтери, повеќе службеници, без гужви – Министерот Тошковски го реши хаосот со личните документи

Нови шалтери и повеќе службеници, без гужви и турканици – Министерството за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нови шалтери и повеќе службеници, без гужви и турканици – Министерството за внатрешни работи целосно го реши хаосот со вадењето лични документи. Нема нервози, со часови стоење и чекање  за сликање – отворени реновинираните канцеларии на 1.300 метри квадратни, а до октомври се очекува комплетно обновување на целиот простор во зградите на МТВ.

Според министерот Панче Тошковски, МВР, освен што го среди хаосот со издавањето на лични документи, се стреми кон дигитализација и подобри услови.

  • „Со реконструкцијата и реновирањето засега опфатени се 20 т.н. кабини за сликање кои ќе извршуваат повеќе работни функции и ќе даваат повеќе услуги на граѓаните, реконструирана е големата шалтер сала која во наредниот период ќе ги опслужува граѓаните во делот на издавањето на пасошите по итна и редовна постапка, личните карти по итна постапка, возачките дозволи, уверенија за државјанства заедно со сите останати постапки во врска со барањата за прием и отпуст од државјанства, промена на лично име и други, како и услуги од областа на возилата“, потенцираше министерот Тошковски.

До крајот на годината најмалку 6 илјади полициските службеници ќе добијат и нови униформи. Според Тошковски, во јавноста имало неуспешен обид за да се девалвира процесот за набавка на униформи, но како што вели вистината е поинаква.

Реклама
  • „Во јавноста имаше обид да Еден од доказите е фотографија на која се гледаат полицајци – еден во фармерки, друг во работничко одело, трет со палто од татко му… Срамота. Затоа решивме да ставиме крај на ова. Ова што полицајците го носат во моментов е катастрофа. Осум години не е набавена нова униформа. Тоа не е само слика за еден пропуст, туку за целосен игнорантски однос кон оние што секојдневно се грижат за безбедноста на граѓаните. Но, ние сме тука да го смениме тоа. Сѐ што можеме да направиме – ќе направиме“ – порача министерот.

МВР од први јануари во функција ќе го стави и системот Сејфт Сити. Законските измени се во владина процедура откако претходно беа ставени на ЕНЕР и имаше можност за корекција и предлози. Откако ќе поминат на владина седница, влегуваат во собраниска процедура, а според најавите оваа есен ќе има пробен период односно тестирање на системот кој ќе регистрира сообраќајни прекршоци.