Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Економија

Грантови до 10.000 евра за млади и ранливи групи преку мерките од Оперативниот план на Владата за 2025 година

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на создавање нови работни места со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на создавање нови работни места со цел младите да останат во државата. Грижата на Владата за младите продолжува преку сеопфатна стратегија и оперативен план од 40 милиони евра кој ќе опфати над 16.000 граѓаниm соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Се објави јавниот повик од Оперативниот план за вработување за 2025 година, кој се однесува на две нови мерки наменети за невработени лица кои сакаат да започнат сопствен бизнис.

Во рамки на Оперативниот план за вработување за 2025 година, официјално се објави повикот за Мерка 1.1 и Мерката 1.2.

Реклама

Преку Мерката 1.1 се доделува грант од 430.500 денари (околу 7.000 евра), за граѓаните над 29 години, а преку мерката Мерката 1.2. се доделува грант до 615.000 денари (10.000 евра) за започнување сопствена дејност за лицата до 29 години.

За лица со попреченост се предвидени средства до 250.000 денари над основниот грант, со цел да се создадат еднакви услови за сите заинтересирани.

Двете мерки вклучуваат и целосна поддршка преку обука за претприемништво, изработка на бизнис план и шестмесечно менторство, со цел граѓаните не само да добијат финансиска поддршка, туку и знаење и насоки за успешно водење на сопствен бизнис“, потенцираат во соопштението.

-Преку мерките и проектите владата ја потврдува посветеноста на создавање на инклузивен пазар на трудот и зајакнување на поединецот како клучен актер во економскиот развој на земјата. Преку овие мерки се создаваат реални улови за развој, вработување, самовработување, како и развој на претприемништвото и долгорочен економски раст, додаваат од партијата.