Реклама
Македонија

Азир Алиу е избран за нов министер за здравство

Со 65 гласа “за” Азир Алиу е избран за нов министер за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со 65 гласа “за” Азир Алиу е избран за нов министер за здравство. Ова ќе биде втор министерски мандат на Алиу, но во ресор во кој досега не работел. Алиу положи заклетвата во законодавниот дом и вети дека ќе работи одговорно, транспарентно и законски.Тој доаѓа на местото на Таравари кој реши да си ги спакува куферите и замина од владината коалиција во опозиција.Премиерот Христијан Мицкоски образложи зошто предложил токму Алиу иако информатичар да биде нов министер за здравство. Очекува дека добро ќе го реорганизира и дигитализира здравствениот систем.

Пратениците од владејачкото мнозинство и опозицијтата со спротистваени статови за изборот на Алиу. Пратениците од ВМРО ДПНЕ се уверени во способностите на новиот министер за здравство и велат дека е вистински човек на вистинско место.Додека за опозицијата тој е некометентен за секторот здравство.

Главната дебата на собраниската седница се водеше во албанскиот политички блок и некогашните партнери во владината колација. Дел од пратениците го бранеа, а дел го напаѓаа Таравари.

Реклама

Азир Алиу е 19-тиот министер за здравство од независноста на Македонија.На истата седница беше избран и Албрим Хоџа за нов заменик министер за земјоделство.