Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Прилози

Инфлација 3.3% по укинувањето на мерките – без драстични поскапувања, уверува Дурмиши

Инфлацијата во мај на годишно ниво била 3.3%, а на месечно 1.5%.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Инфлацијата во мај на годишно ниво била 3.3%, а на месечно 1.5%. За една година храната и пијалаците поскапеле за 4.9%, алкохолот и цигарите за 6 отсто, а комуналиите за 2.2%.

Храна и безалкохолни пијалаци                         4.9 %

Алкохолни пијалоци, тутун и наркотици           6%

Реклама

Облека и обувки                                                             2.9 %

Домување, вода, електрична енергија,                   2.2
гас и други горива

                                                                    Извор: Државен завод за статистика

Ова е прво мерење на инфлацијата откако престанаа да важат мерките за ограничени цени и маржи кои Владата ги спроведуваше до крајот на април.

Во текот на мај се спроведуваа засилени контроли за тоа како трговците се однесуваат откако беа ослободени од ограничување. Првичните информации од извештајот од пазарен инспекторат велат дека нема драстично зголемување на цените на основните прехранбени производи. Министерот за економија Бесар Дурмиши вели дека покачување е забележано кај одредени сезонски производи. Сепак целосната состојба ќе се види од финалниот извештај кој утре ќе стигне на Илинденска.

-Денеска се слушнав со директорот. Утре ќе биде доставена до Влада информацијата за вонредните контроли во мај. Ќе не известат точно како се движеле цените по завршување на мерката. Од она што знам засега, нема драстично зголемување на цените, само на производи кои се сезонски, но тие не спаѓаат во делот на прехранбените основни производи. Од она што усно ме информираше директорт на ДПИ, немаме драстично зголемување на цените на основните прехранбени производи. Утре подетално ќе бидеме известени, а извештајот ќе биде доставен и до медиумите и до граѓаните.

Извештајот од пазарна треба да покаже и дали трговците го почитуваат законското решение за задолжително објавување онлајн на цените на сите производи од сите продажни места освен микротрговците. Во однос на тоа дали ќе се менува рамката за кој се го опфаќа оваа обврска и дали ќе се менува прагот на вработени, Дурмиши вели дека Владата постапува онака како што налага законот, а ако се покаже потреба дополнително ќе се направат измени.