Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

(ВИДЕО) На експресен пат почитувај ги правилата кои спасуваат животи

Министерството за внатрешни работи (МВР) и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за внатрешни работи (МВР) и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) денеска почнуваат кампања која има за цел да се почитуваат сообраќајните правила на експресен пат.

Промовирани се две едукативни видеа, на македонски и на албански јазик.

-„Експресен пат“ е јавен пат кој е специјално изграден и наменет исклучиво за сообраќај на моторни возила, означен со пропишан сообраќаен знак, со најмалку по една лента за секоја насока и лента за застанување, на кој сообраќајот може да се вклучи, односно исклучи само на одредени и посебно изградени приклучоци и кој е заштитен од пристап надвор од овие површини. Експресниот пат има по една сообраќајна лента во секоја насока, кои меѓусебно се разделени со полна или со испрекината линија зависно од конфигурацијата на теренот. Покрај сообраќајната лента за движење на возилата, на експресниот пат има и лента за застанување на возилата која е наменета исклучиво за запирање на возилата. На експресниот пат не е дозволено движење на пешаци, велосипеди, трактори и други бавни возила, се наведува во соопштението.

Реклама

Од МВР посочуваат дека најголемата дозволена брзина е ограничена на 110 километри на час, освен доколку не е поинаку определено со сообраќаен знак. Престигнувањето е дозволено исклучиво кога има добра прегледност и има обележана испрекината линија на коловозот.

– Секое движење со возилото во лентата за застанување претставува сообраќаен прекршок и подлежи на глоба согласно Законот. На експресниот пат забрането е полукружно вртење, застанување и паркирање, освен на предвидените места. Возачите мора да внимаваат, да држат безбедно растојание и да ги почитуваат сите сообраќајни знаци. Експресниот пат нуди брзина – но, само кога се користи правилно и одговорно. Експресниот пат не е автопат и нема посебна сообраќајна лента за престигнување. На експресен пат, престигнувањето може да се изврши само кога тоа е дозволено, безбедно – и исклучиво на делови од патот каде е обележано со испрекината линија и доколку не ги попречува возилата кои се движат од спротивната насока. Доколку се приближува возило кое има намера да престигне друго возило, возачот на возилото кое се престигнува не смее да ја користи лентата за застанување со цел да „направи” простор за да биде престигнато – тоа е лента исклучиво за застанување по потреба, никако за возење, стои во соопштението.

МВР потсетува дека престигнување на непрегледни делници, на кривини, со возење по лентата за сопирање или со газење преку полната линија е строго забрането и претставува сериозен ризик.

– Таквите сообраќајни маневри често завршуваат со несреќа која може да предизвика тешки повреди… и загубени животи. Не брзај – едно незаконско престигнување може да биде твоја последна одлука.На експресен пат почитувај ги правилата кои спасуваат животи, апелира МВР.