Реклама
Македонија

СДСМ подготвена да соработува со ДУИ на локалните избори

СДСМ и ДУИ повторно во братство и единство. Како наближуваат локалните избори,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ и ДУИ повторно во братство и единство. Како наближуваат локалните избори, така се по извесно е дека социјалдемократите повторно ќе соработуваат со интегративците од кои наводно се дистанцираа. Нова потврда за можно колаицирање пристигна и од потрпетседателката на СДСМ, Ана Чупеска која во јавен настап, не ја исклучи можноста за соработка на изборите за градоначалници.

„Ние сме спремни (да одиме во коалиција) со сите политички партии, вклучувајќи ги и ДУИ, доколку имаме принципиелен однос на почит“, изјави Чупеска.

Изјавата на Чупеска доаѓа, откако и Филипче јавно кажа дека се размислува за соработка со сите, вклучително и со ДУИ.

Реклама

Лидерот на СДСМ  на почетокот на годинава целосно се оградуваше од Ахмети, за по неколку месеци да се предомисли.

Филипче на директно новинарско прашање дали на престојните избори би колаицирал повторно со ДУИ, тој не се одерче од Ахмети, туку рече дека биле подготвени да разговараат со сите политички партии.

“Ќе разговараме со сите политички партии, меѓутоа принципите на коалиција значат дека коалиционите партнери прво треба да се почитуваат, понатаму да се целосно согласни околу програмите што ќе ги ветиме на граѓаните, односно имплементираме научени лекции од претходните коалиции”, рече Филипче.

И она што особено ја збуни јавноста беше што ваквата изјава дојде само два дена по остра реторика против ДУИ од страна на влијателната пратеничка Сања Лукаревска која јасно се огради од интегративците  им порача дека заслужуваат да останат во длабока опозиција.

“Заслужуваат да останат длабоко во опозиција затоа што на овој народ му е доволно од пречките кои што ги имаме меѓу политичари од различни партии, а како капак на ова да слушаме дека ќе има протести затоа што некој смета дека веќе не е на власт и не може да ги влече конците како што беше претходно”, рече Лукаревска.

Но, не е само Лукраевска. И самиот Филипче во декември јавно призна дека неговата партија падна на изборите и заради поданичкиот однос кон ДУИ.

И да е само оваа изјава. Лидерот на СДСМ отиде подалеку и нарекувајќи ја ДУИ за корумпирана, а нивните закани за опасни и неприфатливи.

„Коруптивната стигма што ДУИ ја носи со години е нешто од што јасно и недвосмислено се дистанцираме. Нивната реторика и подигање етнички тензии се опасни и неприфатливи за едно мултиетничко општество“, изјави Филипче во јануари.

По ваквиот развој на настаните, јавноста и политичките експерти коментираа дека СДСМ ниту се води, ниту се тера и дека всушност наводното дистанцирање било само глума пред јавноста.