Реклама

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Мицкоски: Преку Македонија, Александрополи ќе се поврзе со Европа, ги договараме Чебрен и Галиште, се менува геостратешката положба на земјата

Мицкоски: Не се инаетиме со Бугарија, не сме тврдоглави, но тоа е двонасочна улица во која бараме решенија со предвидлив крај

Мицкоски од Вашингтон: Во Македонија и во оваа Влада, САД гледаат исклучително близок пријател во регионот и во Европа, нивната поддршка останува непроменета, договараме капитални проекти

Билатерални договори со земјите од ЕУ – засега единствено решение за проблемот на превозниците

Артан Груби и Перпарим Бајрами заедно во судница – судење за „Државна лотарија“

Македонија

Подготовки за локални избори – „ЗНАМ“ со Димитриевски за трет мандат во Куманово

Максим Димитриевски ќе се бори за трет мандат во Куманово, а неговата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Максим Димитриевски ќе се бори за трет мандат во Куманово, а неговата партија ЗНАМ ќе трча и за најмалку една скопска општина потврдија од централниот одбор на партијата. Димитриевски е фиксен, но во останатите општини низ државата се уште не е пресечено кои ќе им бидат фаворити за локалните избори. Од ЗНАМ тврдат дека активно траат преговорите со ВМРО ДПМНЕ за заеднички настап на локалните избори.

“Во моментот преговорите се во тек. Но она што можам да го повтврдам сигурно е дека ние ќе имаме кандидат во градот Куманово, тоа е нашиот претседател Максим Димитриевски. Ќе имаме најмалку едно градоначалничко место во општините во Град Скопје, но и други места ширум републиката за кои се уште траат преговорите, рече Филков.

Во однос на тоа дали ЗНАМ би поддржала една изборна единица, Филков истакна дека се подготвени веднаш да одат на избори по било кој модел.

Реклама

Од ВМРО ДПМНЕ се децидни дека ќе го поддржат предлогот за една изборна единица со право да гласа и дијаспората. Од партијата велат дека на средина на следниот месец, се очекува да се комплетираат имињата  на кандидатите за градоначалници кои засега не се објавени.

На пет месеци пред локалните избори во јавноста се погласно почнаа да се споменуваат имиња и да се објавуваат анкети за можни кандидати за градоначалници.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ објави 25 имиња. Повеќето повторно ќе ја трчаат трката, како во Охрид, Штип, Кавадарци, Велес, Битола. Од скопските општини довербата на партијата повторно да бидат кандидирани ја добија актуелните градоначалници на Бутел, Ѓорче Петров, Аеродром, плус оние од Петровец и Илинден.

За Град Скопје сè уште не се пресечено, засега, битката во ВМРО-ДПМНЕ е меѓу Перински и Ѓеоргиевски, но не се исклучува можноста да им се приклучи и трет потенцијален кандидат. Кај СДСМ, фаворит е професорот Мишко Ралев.

Од опозициската СДСМ засега потврдија дека довербата повторно да бидат градоначалници ја добиле, градоначалникот на центар Горан Герасимовски и на Крушево Томе Христоски.