Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

Додека Арсовска приредува „реално шоу“ – Скопје се дави во полни контејнери, смет, сообраќаен хаос, колапс на автобускиот превоз

Скопје – метропола по површина, далеку од метропола по изглед… Смет, прашина,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скопје – метропола по површина, далеку од метропола по изглед… Смет, прашина, полни контењери, наместо модерен и европски главен град.

Од точка А до точка Б  да се стигне во Скопје стана научна фантастика… Се ветуваше решавање на сообраќајниот хаос, пет нови модерни булевари, но наместо тоа гужви, редици и нервозни возачи.  Додека Арсовска снима дивоградби низ Чаир, на пеколни температури, скопјани чекаат по автобуските станици за да стигнат до работа, лекар, во школо…кога конечно ќе стигне автобусот, возењето е во нехумани услови, а патниците се буквално како сардини  . Ни по речиси четири години од мандатот ги нема 250 еколошки автобуси по скопските улици

Квалитетен, удобен, навремен, но пред се бесплатен јавен превоз беше едно од главните ветувања на актуелната градоначалничка . Секојдневието е агонија дали воопшто ќе дојде автобус

Реклама

Најголемиот проблем за Скопјани е нехигиената и нередовниот јавен превоз. Велат дека не се задоволни од работата на градоначалничката, а од новиот градоначалник очекуваат дека ќе ги реши проблемите на граѓаните кои изминатите години само се таложат.  

И додека граѓаните бараат решение за нивните проблеми, градоначалничката конечно почнавме да ја гледаме во јавност, но  веројатно само за она што неа ја интересира….Актуелни функционери алармираат дека Арсовска ова го прави затоа што се користи како инструмент од ДУИ за дестабилизација пред локалните избори, а таа возвраќа дека трпела закани.

Скопјани сакаат да живеат во убав, модерен и европски град . Практично, тоа го добија и како ветување во предизборието, дека ,метрополата ќе биде зелен град повторно…. наместо тоа, гледаат слика на нечистотија и хаос по улиците

Главните ветувања на Арсовска пред да седне на градоначалничката фотелја покрај бесплатниот јавен и еколошки превоз беа и  пет мега паркови. Скопје требаше да има најдобар луна парк на Балканот, зелен град и град на велосипеди, немаше да има булевар во Скопје без велосипедска патека, дури се ветуваа и 1000 бесплатни електрични велосипеди и тротинети годишно, а требаше да имаме и  модерни автобуски постојки…. Што се не е исполнето од програмата за „ Модерно Скопје“ , Алфа веќе три дена чека одговор од кабинетот на Арсовска, но од градските служби молк, исто како и за прашањето зошто не лоцира дивоградби во останатите општини.