Реклама

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Економија

Николоски: Започнуваме со амбициозна агенда, со најголемиот инфраструктурен проект во регионот

Формирање на Координативно тело веќе во вторник и започнувње на постапка за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Формирање на Координативно тело веќе во вторник и започнувње на постапка за обезбедување на финансиски средства за МЖ Инфраструктура за реализација на проектот за брза пруга. Тоа се следните чекори во нашата амбициозна агенда, истана вицепремиерот Александар Николоски.

“Зборуваме за единичен проект кој ќе чини меѓу 1,7 до 2 милијарди евра и ќе се согласите тоа е огромен проект и најголем поединечен проект реализиран во Македонија, а ќе е и најголем поединечен проект во целиот регион во Југоисточна Европа. Во такви услови прашањата малку подруго се поставуваат, а тоа е од каде може ова воопшто да го обезбедите и мислам дека нема алтернатива. Ќе имаме најдобри услови за финанисрање кои што Македонија може да ги добие на пазарот. Она што е важно да го сфатат граѓание дека ние како Македонија не можеме да изнесеме проект поголем од 350 милиони евра. Најмногу што Македонија можела да индицира проектно финансирање е проектот за железница на коридор 8 третата секција каде имаме 350 милиони евра од каде по 175 милиони евра се кредит од ЕБРД, 175 кредит од ЕИБ”- рече вицепремиерот Николоски и додаде:

“Друга работа што за мене е најважа е довербата. Кога другата страна дава кредит во овој случај Велика Братанија тогаш верува во економските перформанси на Македонија и дека ќе може да ги враќа овие средства и не само тоа, Велика Британија ќе е гарант за Македонија и Македонија ќе има две придобивки. Прво, Македонија ќе го користи највисокот кредитен рејтинг тоа е АА на Велика Британија и второто Велика Британија ќе биде жират и доколку Македонија не врати од ратите, тогаш Велика Британија ќе ги враќа во име на Македонија. Штом тие процениле дека ние можеме да враќаме вакви кредити, тогаш веруваат во нашиот перформанс и во политиките на оваа Влада. Така што довебрата што ја покажува Велика Бријтанија за мене е најзначајна во целиот овој проект”- истана вицеремиерот Николоски.