Реклама

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Економија

Николоски: Партнерството со Обединетото Кралство е уникатно, договорите носат голема додадена вредност за Македонија

Додадената вредност на двата договори со Обединетото Кралство е политичка. Тоа е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Додадената вредност на двата договори со Обединетото Кралство е политичка. Тоа е силен политички сигнал, затоа што финансирање на проекти можа да се најде и од други извори, но вакво ниво на политички односи тешко се стекнува на друго место, истакна вицепремиерот Александар Николоски.

Договорот со Обединетото Кралство има структурна компонента, има и подршка во реформи, подршка на здравството, образованието, финансиска компонента, но на прво место е политичката компонента, вели вицепремиерот Николоски.

“Имаме држава за партнер од која Македoнија може да добие само многу. Ние со децении зборуваме дека на Македонија и е потребна голема држава како покровител. За жал претходните влади не направија ништо таква држава да застане позади нас, а еве ние успеавме втората најмоќна сила да застане позади нас и затоа велам дека Договорот е историски и 22 мај ќе остане запаметен во македонската историја и долго ќе се зборува за тој датум како датум за кој што Македонија со Велика Британија оствари партнерство и тоа партнерско е уникатно имајќи предвид дека никој друг во регионот нема потпишано таков Договор и тој носи голема, голема додадена вредност во себе”- потенцираше вицепремиерот Николоски.

Реклама

За целиот процес кој е транспаретен тој додаде:

“ Критиката од опозицијата е добра, бидејќи ние решивме целиот процес да го водиме транспарентно за разлика од претходните времиња и претходни влади. Видовте дека ние Договорот го доставивме во Собрание целиот, не рековме дека е таен или е државна тајна. Гледате дека за секој чекор ја информираме јавноста и мислам дека тоа што опозицијата критикува им се враќа како бумеранг затоа што имаме целосни информации за јавноста за тоа што се случува”- рече Николоски.