Реклама

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Економија

Ивановски: Македонија има проект, обезбедени финансии и работа на терен, во Бугарија – ништо

Директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски, зборуваше за обвинувањата од Бугарија дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски, зборуваше за обвинувањата од Бугарија дека во Македонија не се гради. Фактите кои тој ги презентираше го говорат спротивното – Македонијаима проект, финансии и работа на терен, а на бугарска страна – ништо.

-Градежништвото е многу добро затоа што е сурово вистинито. Во економијата може да се дебатира многу околу тоа дали каматата е ниска или висока, во правото дали ќе се толкува на овој или оној начин. Самото градежништво не остава простор за многу различни мислења. Во моментов, ние како држава градиме кон Бугарија, ја работиме втората фаза. Има три фази, едната е Куманово-Бељаковце која е завршена, Бељаковце-Крива Паланка се работи сега и популарната и спорна точка е поврзувањето од Крива Паланка до граница. Ние го работиме ова. Бугарската задача е да ги поврзе 500 метри до граница и да проектира и да влеземе заеднички, таму има едно брдо на чија средина е нашата граница. Ако ние потрошиме пола милијарда и го сработиме тунелот, ќе дојдеме до половина, а Бугарија не ја отвори другата половина, ние залудно сме потрошиле сериозно големи пари и такво нешто не сакаме да направиме, истакна тој.

Ивановски оцени дека пругата во Бугарија од Софија до нашата граница е во прилично лоша состојба и дека тие мора да ја рехабилитираат и да ја стават во возна состојба.

Реклама

-Ние имаме спремен проект за делот до Бугарија до граница и го работиме вториот дел. Бугарија нема спремно проект и не работи на терен. До толку е едноставно. Јас праќам писмени покани до Инфраструктура Бугарија, ги канам на состанок, да ставиме еден вид на печат на техничките предизвици, да имаме спремни, усогласени мислења. Па по решавање на политичкиот дијалог, да почнеме веднаш со работа. На тие не добиваме повратно. Лесно е да се процени – ние имаме спремен проект, имаме обезбедени финансии и го работиме делот кон Бугарија. Во Бугарија во моментов, за жал, нема никакви градежни работи кон граница со Македонија, истакна Ивановски.