Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

Муцунски со благодарност за поддршката на Франција за Кочани

Во рамки на работната посета на Париз, министерот за надворешни работи и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамки на работната посета на Париз, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со министерот за Европа и надворешни работи на Француската Република, Жан-Ноел Баро.

На средбата беше изразено заедничко задоволство од континуираниот развој на билатералните односи меѓу Македонија и Француската Република, со јасна определба за понатамошно продлабочување на соработката на политичко и економско ниво. Особен акцент беше ставен на унапредување на партнерствата помеѓу владите и бизнис-заедниците на двете земји.

Министерот Муцунски упати искрена благодарност за брзата и принципиелна поддршка од Франција по трагедијата во Кочани, како и за доследната и силна поддршка од француската Влада за европската интеграција на Македонија. Министерот Баро го реафирмираше ставот дека Франција ќе продолжи да биде гласен поддржувач на проширувањето на Европската Унија и активно ќе придонесува кон остварување на стратешката цел – полноправно членство на Северна Македонија во ЕУ.

Реклама

Во рамки на посетата, министерот Муцунски оствари и работна средба со Бенџамин Хадад, министер делегиран за Европа. Разговорите беа фокусирани на напредокот на земјата на патот кон ЕУ, актуелната политичка состојба во регионот, како и на значењето на придонесот на Македонија кон регионалната стабилност и соработка.