Реклама

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Економија

Славески: Да обезбедиме ниска и стабилна инфлација за поддршка на економијата

Фиксен девизен курс и ниска и стабилна инфлација во рамки на таа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Фиксен девизен курс и ниска и стабилна инфлација во рамки на таа во еврозоната, заштита на интересите на граѓаните и стопанството, најавува новиот гувернер на Народната банка Трајко Славески.

– Фиксниот девизен курс којшто добро и служеше на Македонија ќе остане и во наредниот период, да се надеваме на влез на Република Македонија во догледно време во Европската унија и подготовка за воведување на еврото со овој фиксен режим на девизен курс. Единствено што треба да се трудиме, што е и законска цел на НБРМ, во соработка со фискалната власт, односно Министерството за финансии, да обезбедиме ниска инфлација, односно стабилност на цените. Инфлацијата да биде во рамките на онаа во еврозоната, затоа што само така ќе одржуваме и конкурентност на нашата економија. Доколку како во изминатите неколку години имаме инфлација или стапка на инфлација двојно повисока од таа во еврозоната, тоа не е пожелна состојба. Мислам дека е императив, тоа, колку што имам информации е и цврста одлука, став на Владата, дека само ниска и стабилна инфлација која нуди предвидливост и за граѓаните и за бизнисот може да биде основа и поддршка на развојните политики во иднина кои ќе обезбедат стабилен посакуван раст на македонската економија и на среден и на долг рок, вели Славески.

Порачува граѓаните да бидат спокојни бидејќи, како што истакува, нивните заштеди се сигурни, а вели и дека Народната банка ќе обезбеди предвидливост за деловните субјекти за да можат да ги планираат своите операции и развојни планови.

Реклама

Славески зборуваше и за неговите очекувања за економскиот раст, обезбедувањето стабилност на банкарскиот сектор, како и заштита на интересите на граѓаните и бизнисот со пониски камати.

Ги коментира и реакциите во јавноста и обвинувањата дека неговото именување е политички мотивирано и ја споделува неговата визија за работата на централната банка во наредните седум години.