Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Македонија

Собрание за граѓаните

Парламентарниот карван, кој тргна минатиот месец од Ресен, се приближува кон својата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Парламентарниот карван, кој тргна минатиот месец од Ресен, се приближува кон својата крајна дестинација. Денеска, со почеток во 11 часот, на плоштадот „Нова Југославија“ во Куманово, претставници од Собранието ќе имаат средби со граѓаните на оваа Општина, пред завршната манифестација во Скопје, во понеделник на 10 јуни.

Девет општини во земјава и градот Скопје годинава се опфатени со Парламентарниот карван, кој во изминатите неколку сеедмици помина низ Ресен, Крушево, Кратово, Крива Паланка, Валандово, Неготино, Тетово и Кичево. Притоа, преку разни активности, се испраќаат клучните пораки на манифестацијата „Собранието за граѓаните“ и „Отворено и одговорно“, а со цел да се подвлече дека законодавниот дом е одговорен како институција пред граѓаните.

Парламентарниот карван обезбедува присуство на пратениците во општините или во изборните единици од каде што се избрани. Тоа е можност, пратениците да ги слушнат впечатоците на граѓаните за работата на Собранието и да се запознаат со проблемите кои бараат законодавна иницијатива.

Реклама

Оваа активност на Собранието е во рамки на Програмата за парламентарна поддршка (ПСП) за 2025 година, финансиски поддржана од Швајцарската Конфедерација, а спроведувана во соработка со НДИ, ЦУП и ИДСЦС.