Реклама

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Економија

Угостителскиот сектор и градежништвото со најголем раст од 7,1%, зголемувањето на вработеноста, платите и пензиите ја зголемија потрошувачката

Соопштение на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. Во услови на сериозни економски предизвици во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Соопштение на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. Во услови на сериозни економски предизвици во државата и во поширокиот регион, кога земјите од Европската унија се соочуваат со сериозни проблеми во економијата, Македонија покажа како со добро смислени мерки и политики, успешно се надминуваат предизвиците.

Од преземањето на одговорноста ВМРО-ДПМНЕ да ја води Владата, македонската економија бележи последователен раст. Растот од 3% на БДП во првиот квартал од годинава е продолжување на трендот на раст на економијата од втората половина на минатата година.

Широкиот опфат на мерки и на поддршка на стопанството и граѓаните кои Владата ги презема и реализира до сега, го даваат својот резултат. Тоа може да се заклучи и по тоа што растот на БДП, не е само поради раст на само една гранка во стопанството, туку тој се заснова на широка основа во сите стопански гранки.

Реклама

Двигатели на овој раст се услужниот сектор и градежништвото со по 7,1 проценти, при што со инвестицискиот циклус кој што престои, градежништвото ќе биде главен двигател и во иднина.

Како резултат на досега преземените мерки за раст на вработеноста, на платите и пензиите се зголеми и потрошувачката на граѓаните, која заедно со зголемената побарувачка поттикната од значително зголемување на бруто инвестициите за 18% и на потрошувачката за 1,9%, имаат значителен придонес во растот на БДП.

Значителен раст има и кај стручните и научни технички дејности од 4,8%, информации и комуникации 3,6%, како уметноста, забава и рекреација, како и индустријата од 2,1 проценти и преработувачката индустрија од 3,7%.

Индустријата забележа раст од 2,1 процент во услови на зголемено производство во преработувачката индустрија од 3,7%, а позитивниот тренд на раст продолжи и во земјоделството.

Сиот овој раст не е случаен, туку тој е резултат на посветена работа и на добро проектирани мерки и активности за подобрување на економската состојба во државата.

За таа цел, од почетокот на годината скоро 11 милијарди денари од Буџетот се влезени во економијата преку компаниите коишто работат на изведба на инфраструктурни проекти, близу 500 милиони денари кон компаниите кои работат на општинските проекти, над 125 милиони евра за инвестиции на домашните компании преку Развојната банка.

И овде нема да се застане. Македонија ќе продолжи со засилено темпо да се трансформира, а македонската економија ад расте и да се развива.

Крајната цел на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е Македонија да ја направи земја на можности, и во таа насока посветено работи.