Процесот на рехабилитација на повредените млади луѓе во дискотеката Пулс, позитивно ги надминува очекувањата на лекарите. Иако лекувањето е долготрајно, сепак со добра физикална терапија, пациентите успешно заздравуваат. Сите се во стабилна состојба. Во моментот 42 од повредените се рехабилитираат во кочанската Општа болница, а седумина во штипската Клиничка болница.
„Во однос на рехабилитацијата на пациентите, повредени во дискотеката, е добра. Сите трансплантантите се прифатени и во однос на раздвижувањето на зглобнииот дел работите одат во нагорна линија. Најголем дел од повредените се со изгореници на шаките, дел од повредените имат изгореници на вратот и рамењата, но имаме и трауматски повреди и ампутации” изјави д-р Никола Костадинов, раковидител на Физикална терапија, Штип.
Медицинската рехабилитација во која се вклучени лекари од Скопје, Штип и Кочани, може да трае и до 24месеци. Во моментот на Одделението за физикална терапија се опремува просторија, која ќе биде наменета само за повредените во пожарот. Сепак, потребни се апарати со кои процесот на заздравуваање ќе биде многу побрз.

„Спецификата на оваа рехабилитација е тоа што се обавува секојдневно, индивидуална е за секој пациент и задолжителен е надзор од физијатри. Во штипското одделение подготвуваме специјална просторија. Во моментот во кочанската Општа болница има работна машина за горни екстремитети која го олеснува процесот на рехабилитација. Се надеваме дека во наредниот период таков апарат со кој добиваме побрзи резултати, ќе добиеме и во Штип„ изјави д-р Никола Костадинов, раководител на Одделението за физикална терапија, во Штип.
Доктор Костадинов, уште еднаш алармира повредените, да не користат креми и мелеми за изгореници од надри лекари, туку задолжително да барат совети од специјалисти. Претходно медицински персонал од Штип и Кочани, вклучени во процесот на рехабилитација завршија шестнеделна обука организирана од страна на англиската Организација за ургентна медицина, сертифицирана исклучиво за пациенти со изгореници.
