Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Економија

Перински: Нови 116 милиони денари за 47 проекти за поддршка на развојот на најмалку развиените региони

Денеска, на 40. седница на Советот за рамномерен регионален развој, со која…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денеска, на 40. седница на Советот за рамномерен регионален развој, со која претседаваше министерот за локална самоуправа, Златко Перински, беа разгледани и усвоени предлог одлуките за распределба на средства од Програмата за рамномерен регионален развој. Практично, со ова заврши првата фаза за распределба на средствата од буџетската Програма за рамномерен регионален развој и одлуките ќе бидат доставени до Владата на усвојување, со што ќе се овозможи финансирање на 47 проекти во вкупна вредност од приближно 116 милиони денари.

Проектите што ќе бидат поддржани се насочени кон развојот на планските региони, подрачјата со специфични развојни потреби, селата и урбаните подрачја. Оваа програма претставува клучен инструмент за обезбедување рамномерен развој во целата држава, бидејќи средствата се распределуваат според степенот на развиеност на регионите, при што најголема поддршка добиваат регионите со најнизок степен на развој.

-Оваа програма е од исклучително значење за нашата држава. Соодветната распределба на финансиските средства ќе придонесе за зајакнување на локалните заедници, унапредување на инфраструктурата и создавање подобри услови за живот на граѓаните, истакна министерот Перински по седницата на Советот кој практично е координативно тело меѓу надлежните министерства што имаат буџетски програми со влијание на регионалниот развој, но обезбедува и координација со Советите за развој на планските региони, каде членуваат градоначалниците од соодветниот плански регион.