Реклама

Тв Алфа ја посети Зоолошката градина по крвавиот случај со волците

Пренатрупаност, несоодветни материјални услови и здравствена заштита во затворите

Венецуела ден по разорните земјотреси- бројот на жртви расте, се бараат преживеани под урнатините

Бугарија има системска стратегија од 1968 година за рушење на македонскиот идентитет

Отчет на Мицкоски за две години влада: Економијата заздравува и расте

Со над 120 македонски уметници ќе се одбележат 35 години независност

Во вторник ќе се знае новиот владин кабинет: Некогаш реконструкција се прави промена на приоритетите

Алиу: За околу три недели ќе бидат објавени повиците за аплицирање за средства од програмата EU4Health

Алиу: Во политиката сум да променам нешто

Љутков: Две години процес на стабилизација, обнова и развој на културата и туризмот

Митева: Човек кој зад себе има огромни скандали и криминални состојби како Филипче, не може барањата за правда да ги претставува како закана

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот создава услови за поголеми инвестиции и поефикасна реализација на капиталните проекти

Македонија

Пратеничката Пешевска на настан во Хелсинки за остварување на еднакви можности меѓу жените и мажите во Парламентите

На иницијатива на Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На иницијатива на Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР) со поддршка на Парламентарното собрание на ОБСЕ, претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите Жаклина Пешевска учествуваше на дводневната работилница на тема: „Остварување на еднаквите можности меѓу жените и мажите во и од парламентите“ која се одржа на 3 и 4 јуни 2025 година во Хелсинки, Република Финска.

Целта на работилницата е разгледување на националните законодавства и практики на парламентите од Европа и Централна Азија во поглед на еднаквите можности на жените и мажите.

Настанот го отворија Тарја Филатов (Tarja Filatov), потпретседателка на Парламентот на Финска, Пиа Каума (Pia Kauma), претседателка на Парламентарното собрание на ОБСЕ и Теа Џалиашвили (Tea Jaliashvili) прв заменик директор, ОДИХР.

Реклама

Во делот за парламентарните тела кои имаат водечка улога во унапредувањето на еднаквите можности меѓу жените и мажите во и од парламентите,свое обраќање имаше претседателката на Комисијата Жаклина Пешевска, која го презентираше начинот на функционирање, меѓусебната соработка, сличностите и разликите помеѓу Комисијата за еднакви можности на жените и мажите и Клубот на пратенички.

Комисијата функционира во рамките на формалната законска рамка, додека Клубот на пратенички служи како обединувачка платформа, овозможувајќи им на пратеничките да ги надминат политичките поделби и да соработуваат по прашања од заеднички интерес, особено оние што ги засегаат жените и семејствата.

Иако комисијата за еднакви можности на жените и мажите и Клубот на пратенички имаат различен карактер сепак споделуваат заедничка натпартиска цел, а тоа е унапредување на еднаквите можности на жените и мажите.

Потребата за еднакви можности меѓу жените и мажите не е партиско прашање- тоа ги засега сите граѓани. Без оглед на тоа дали телата за еднакви можности меѓу жените и мажите се формални или неформални, тие се структуирани да поттикнат меѓупартиска соработка, институционално дејствување и политички дијалог. Ефикасноста зависи од довербата, меѓусебното почитување и споделените цели помеѓу членовите, без оглед на нивната политичка припадност.

Воспоставувањето на механизми за соработка помеѓу владеачката коалиција и опозицијата помага да се изгради таа доверба и фокусот се задржува на влијанието и ефектите, а не на политиката.

-Како пратеничка, како жена и како активен чинител во демократските процеси, ќе продолжам гласно да се залагам за рамноправноста меѓу жените и мажите во сите институции, вклучително и во највисоките тела на одлучување, истакна Пешевска.

Ова се дел од искуствата и препораките кои претседателката Пешевска ги сподели со претставниците од останатите парламенти.