Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Економија

Николоски: Велика Британија препознава дека Македонија може да се развива

Александар Николоски, вицепремиер на Владата и министер за транспорт и врски, говореше…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Александар Николоски, вицепремиер на Владата и министер за транспорт и врски, говореше за Договорот за стратешко партнерство со Велика Британија.

Николоски подвлече дека Договорот за стратешко партнерство со Велика Британија претставува дипломатска и историска победа за Македонија, и додаде дека кога една држава добива кредит тоа значи дека другата страна верува во нејзината способност да се развива и редовно да ги сервисира своите обврски. Тој нагласи дека кога се добива поддршка од страна на Велика Британија тоа значи дека имааат доверба во нашата економска стабилност и иднина.

„Нема Велика Британија нас да ни дозволи ние да се презадолжиме и да не можеме да ги враќаме обврските. Кога добивате кредит тоа меѓудругото е и доверба на другата страна, значи другата страна има доверба во вас како држава, дека вие имате перформанс и дека ќе се развивате соодветно да може да го враќате тој кредит“, посочи Николоски.

Реклама

Николоски потенцираше дека многу е значајно што Велика Британија препознава дека Македонија може да се развива. Тој нагласи дека целта на договорот првично е да се реализираат инфраструктурни проекти во делот на транспортотот и здравството.

„За мене е многу значајно дека Велика Британија препознава дека Македонија може да се развива со темпо коешто може да издржи пет милијарди фунти, доколку одиме со сите пет милијарди фунти потенцијално задолжување. Ние во моментов нема да одиме со повеќе од 2 милијарди фунти вкупно, затоа што и ние правиме свои проекции како би се одвивала целата работа, но се разбира во периодов којшто е пред нас би ги користеле и останатите 3 милијарди фунти за други проекти“, заклучува Николоски.