Реклама

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Економија

Економските мерки и политики на Владата даваат резултати, според Евростат раст на БДП од 3,2 проценти во првиот квартал

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ по извештајот на владата во кој изнесе информации во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ по извештајот на владата во кој изнесе информации во врска со економскиот раст на државата

„Економските политики и посветената работа на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ да обезбеди економски раст и развој, подобар живот и животен стандард, даваат резултати.

По предизвикот да се запре слободниот пад на економијата, кој што Владата го имаше по преземањето на одговорноста да ја води државата, сега веќе македонската економија влегува во фаза на раст.

Реклама

Во првото тромесечје од годинава, Македонија бележи раст на Бруто домашниот производ (БДП) од 3,4%. Ова е официјален податок од Државниот завод за статистика (ДЗС).

Овој раст на економијата го потврдува и „Евростат“, според кој прилагодениот, согласно сезонските и календарските податоци, раст на БДП изнесува 3,2%.

И ова не се случајни бројки само за првиот овогодишен квартал, ова е трет последователен раст на БДП од три или повеќе проценти откако е избрана Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Во време на зголемени економски предизвици, каде што економијата во еврозоната е или во стагнација или забележува минимален раст, оваа Влада покажа како се подобрува и економската состојба и како се развива економијата.

Со овој раст на БДП, македонската економија е рангирана на четврто место, веднаш зад Ирска, Данска и Полска.

Овој раст е многу сериозен сигнал дека реформите даваат резултати, но не се застанува тука, целта е да се постигне и одржува просечен раст од над 4%.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ отвори ново поглавје на економски раст, на вреднување на трудот, на поддршка на приватниот сектор, на фер конкуренција, кои сега ги даваат своите резултати.

Уште по посветено ќе се продолжи со враќање на довербата во домашната економија и на враќање на достоинството во секоја професија.

Македонија ќе биде земја во која убаво и достоинствено ќе се живее.