Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Економија

Николоски: Финансирањето на проектите ќе биде без скриени трошоци, процесот ќе биде целосно транспарентен пред граѓаните

До 20 проценти ќе работат компании од Велика Британија, до 30 проценти…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

До 20 проценти ќе работат компании од Велика Британија, до 30 проценти ќе се вградуваат компоненти исто од Велика Британија. Работниците не се ограничени, може сите работници кои ќе работат на проектите да бидат од Македонија, за разлика од договорот со Синохидро за изградба на автопатот Кичево-Охрид каде стои дека најмалку 51 процент  од работата да ја изведува кинеската компанија и работници да се донесени од Кина, објасни вицепремиерот Николоски.

‘Во делот на работници воопшто нема никакви ограничувања, може сите работниции да се од Македонија. Она што ќе се вградува, до 30 проценти да е произведено во Велика Британија. Имајќи предвид дека ако зборуваме за пругата, модерните пруги користат софистицирани системи за сигналзиација, тоа се системи кои возовите ги носат на автопилот, самите управуваат со воз итн. За жал тоа се системи кои ние не ги произведуваме и веројатно тоа ќе е британската компоненета која ние ја немаме”-истакна вицепремиерот Николоски.

Во однос на премијата за заемот, Вицепремиерот потенцираше дека овој процес ќе биде транспарентен за сите граѓани, односно од финансиските институциии ќе се бара трошокот за заемот да биде единствен без скриени и дополнителни ставки.

Реклама

“Нашето барање за финансирање е да добиеме финансирање со единствен трошок. Да поедноставам,  кога земаме кредит таму вели ЕУРИБОР плус 1 ама после тоа имате уште пет шест ставки со ситни букви банкарски напишани итн. Нашето барање ќе биде да имаме единствена цена на чинење и ќе ја избегнеме премијата на начин што тоа ќе биде обврска на финансиската институција која што ќе понуди финансирање и таа да си го вкалкулира во сопственото финансирање.

Односно, доколку повлечеме средства од 2 милијарди и доколку ние добиеме камата од 10 %, знаеме дека 10 % ни е каматата и нема да имаме плус, односно кога ќе го правиме годишниот план ќе знаеме колку треба да враќаме без таа ставка за ова, она итн.  Велиме дајте да бидеме транспаретни пред луѓето и да дадеме целосен трошок, а дали банката ќе ги плаќа провизиите, ќе ги добие како донација или сл,  нас не не интересира. Дајте точна каматна стапка. Уверуваме дека ќе имаме најдолга рочност за враќање, најголем грејс период и најдобра камата”- истакна вицепремиерот Николоски.