Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Економија

Мицкоски: Реалниот раст на БДП во првиот квартал според Еуростат 3,2%

Во првиот квартал на 2025 година реалниот раст на БДП, откако е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во првиот квартал на 2025 година реалниот раст на БДП, откако е избрана оваа Влада, трет квартал е 3 или повеќе проценти а прилагодениот согласно сезонските и календарските податоци е 3,2%, тоа е бројката што ја објавува Еуростат, истакна на денешната прес конференција премиерот на Македонија Христијан Мицкоски.

Македонија се најде на четвртото место Според Еуростат Македонија се најде на високото четврто место и тоа зад Ирска, Данска и Полска.

-Со тоа практично на досега објавените параметри кои што ги објавил Еуростат македонската економија е рангирана на 4 место веднаш позади Ирска, Данска и Полска, рече Мицкоски.

Реклама

Премиоерот додаде дека ова е резултат на храброст, визија и многу работа.

-Тоа не е случано и ова не е случајност, ова е резултат на храброст, визија и многу работа. Ова е доказ кога државата се води на исправен начин, но и со знаење, со план и трпение, резултатите мора да дојдат, додаде Мицкоски.

Овој раст е многу сериозен сигнал дека реформите дават резултати рече Мицскоски.

-Знаевме дека не смнееме да губиме време, го затворивме поглавјето на стагнација, несигурност и на манипулација. Отворивме ново поглавје на економски раст, на вреднување на трудот, на поддршка на приватниот сектор, на фер конкуренција. Овој раст е многу сериозен сигнал дека реформите дават резултати, земајќи предвид дека станува збор за првиот квартал од годината кој што секогаш е најслаб и најпредизвикувачки. Сепак доколку сакаме да бидеме до 2030тат уште повисоко на европската економска скала мораме да го одржуваме просекот кој што ќе биде поголем од 4 проценти, се разбира тоа не зависи само од нашите внатрешни параметри, тоа многу зависи и од екстерните фактори, појасни премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес конференција.