Договорот за стратешко партнерство со Велика Британија е извореден и ќе биде од огромно значење за Македонија за политички и економски развој – оценува претседателката Гордана Сиљановска Давкова.Според неа, овој договор преставува цврст темел со една од најголемите светски сили, а најсериозните придобивки ќе ги има токму нашата држава.
“Го прочитав договорот, ако ме прашувате суштински договорот е извонреден…прво не факторизира геополитички на Балканот, не сме сами, и да потсетам дека најголем дел од инвестициите британски на Западен Балкан се токму во Македонија” вели претседателката Гордана Сиљановска –Давкова.
Претседателката смета дека благодарение на стратешкиот договор со Обидинетото Кралство ќе има сериозни капитални иневестиции во инфраструктурата, економијата, ИТ секторот здравството и науката и тоа ќе ја направи Македонија посилна во натрпеварот со другите земји.

Стратешкиот договор со Обединетото Кралство „тежи“ 6 милијарди евра. Тој меѓу другото, вклучува инвестиции во железничка инфраструктура и во здравството. Првиот циклус инвестиции ќе биде во вредност од околу 2,3 милијарди евра. Брзата пруга на Коридорот 10 од Табановце до Гевгелија е првиот голем проект кој ќе биде реализиран, а ќе има огромни бенефити за македонското стопанство. Со брзина од 160 км на час, Македонија ќе се поминува за час и половина.
Ања Лукарова
