Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

Сиљановска Давкова: Родовата еднаквост не е само статистика, ниту море од бројки, туку реална слика на општествената стварност

– Да продолжиме да инвестираме во родовите статистики, да го зајакнеме меѓуинституционалниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Да продолжиме да инвестираме во родовите статистики, да го зајакнеме меѓуинституционалниот дијалог, да изградиме систем на податоци кои не само што ќе информираат, туку и ќе трансформираат, порача денеска претседателката Гордана Сиљановска Давкова во обраќањето на конференцијата по повод јубилејот на Државниот завод за статистика.

Како што истакна Сиљановска Давкова, родовата еднаквост не е само статистика, ниту море од бројки на хартија, туку реална слика на општествената стварност.

– Да создадеме држава во која сите ќе бидеме свесни дека секој податок одразува нечиј живот, секоја бројка раскажува индивидуална вистинска човечка приказна, а трудот на секој човек без разлика на полот и родот треба да биде еднакво вреднуван, сечиј глас слушнат, без оглед дали е гласен или тивок, подвлече претседателката.

Реклама

На овој втор ден од одбележувањето на јубилејот обраќања имаат и директорот на Државниот завод за статистика Дејан Станков, раководителка на Канцеларијата на UN Women Весна Ивановиќ-Кастаред и амбасадорката на Шведска Ами Ларсон Џаин.

Државниот завод за статистика вчера со свечена академија одбележа 80 години од основањето.