Реклама

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Мицкоски: За многу скоро јавноста ќе дознае нови детали околу користењето на Арсовска од ДУИ

Прашан како ги коментира изјавите на градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Прашан како ги коментира изјавите на градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, и вицепремиерот Изет Меџити – дека градоначалничката Арсовска „се користи како инструмент од ДУИ за дестабилизација пред локалните избори“, премиерот Христијан Мицкоски одговори дека има вистина во кажаното.

„Па има вистина тука, и тоа, впрочем, им е јасно на сите. Но, јас не би имал повеќе да додадам од тоа што го кажаа г. Меџити и г. Ганиу. Има вистина и многу скоро јавноста ќе дознае и некои други детали“, рече Мицкоски.

Жалам ако градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, добива закани по живот и ја охрабрувам веднаш да појде во МВР, а МВР да испита кој е заканувачот и веднаш да постапи по истите, рече Мицкоски, коментирајќи ги нејзините изјави дека добива закани бидејќи објавува за дивоградбите во Чаир.

Реклама

Мицкоски смета дека Обвинителството треба да се остави да постапува по доказите за дивоградба кои Арсовска ги поднесе вчера.

„Доколку доказите се доставени до Јавното обвинителство, предлагам да го оставиме Јавното обвинителство да сработи и, се разбира, доколку има такви докази да се постапува по истото. Тука нема дилема, ние не можеме да санкционираме или не санкционираме други, законот мора да важи за сите. Но, да го оставиме ЈО да сработи и да видиме што е тоа што е доставено“, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Институтот за јавно здравје.