Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

Влада: Оперативниот план за вработување за 2025 година зголемен за 7,5 милиони евра споредбено со лани – фокус се младите и невработените

2,5 милијарди денари или 40 милиони евра изнесува Оперативниот план за вработување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

2,5 милијарди денари или 40 милиони евра изнесува Оперативниот план за вработување за 2025 година кој опфаќа над 16.000 граѓани, информираат од владата на Македонија.

Споредбено со минатата 2024 година, оваа Владата го зголеми истиот за рекордни 7,5 милиони евра.

Со Оперативниот план фокус се става на младите и невработените лица со што како Влада покажуваме дека наш врвен приоритет е намалување на невработеноста преку креирање и отворање на нови работни места за граѓаните.

Реклама

Оперативниот план опфаќа три категории и тоа, млади лица коишто сакаме преку овие мерки да ги задржиме во државата, невработени лица и лица корисници на гарантирана минимална помош со што сакаме да го подобриме нивниот животен стандард.

Исто така Оперативниот план за вработување оваа година за првпат има таргетирани мерки за поддршка на младите, односно поддршка за самовработување оваа година е проширена со две нови поддмерки и тоа:

Мерка- Поддршка за самовработување се однесува на невработени лица со минимум основно образование, односно невработените лица да започнат сопствен бизнис. Висината на финансиската поддршка за оваа мерка изнесува 7.000 евра неповратни средства за започнување на бизнис.

Висината на подмерката поддршка за самовработување на млади невработени лица до 29 години изнесува 10.000 евра, односно тоа се неповратни средства за основање на сопствен бизнис.

Новина во овој оперативен план е исто така и подмерката е поддршка за самовработување со здружување на корисници до две лица да основаат бизнис. Висината на финансиска поддршка изнесува од 14.000 до 20.000 евра односно средствата од 20.000 евра се однесуваат за содружници кои се до 29 години.

Единствен предуслов кај сите мерките е невработените лица да бидат евидентирани како активни баратели на работа во центрите за вработување низ државата.

Нашиот приоритет е да ги стимулираме младите да го развиваат својот претприемачки дух, како и да продолжат да ја градат иднина во сопствената држава.

Остануваме посветени кон носење на мерки и проекти кои значат поквалитетен и подобар животен стандард за сите граѓани.

Државата е на патот на промените!, стои во соопштението на владата