Во Македонија е разбиен црниот пазар на онколошки лекови за пациенти болни од канцер – тврди првиот човек на Фондот за здравство, Сашо Клековски. Тој оцени дека успехот на обвинението за случајот Онкологија е важен за целото здравство.
„Сите случаи што ги затекнавме и кои не се тајна, тие работи ги има во нашите извештаи што ги испракаме во Министерство за Здравство, Министерство за Финансии и во Државен Завод за ревизија. Ги поднесуваме во МВР, неколку од нив беа комплетирани од страна на МВР и испратени во јавното обвинителство.Таму има и многу јасни случаи кај што не треба вештачање во странство и не треба, не знам каков истражителски напор. Ние апелираме постојано кон Обвинителството да постапи по тие кривични пријави и сега топката е во дворот на Обвинителството. За мене значи многу што Обвинителството се одважи да тргне со случајот за Онкологија и се надевам дека го има добро подготвено, зошто успехот на тоа обвинение е од битно значење за иднината на здравството во Македонија“, вели Клековски.
