Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Економија

Трипуновски: Целта е да се набави домашна храна во стоковни резерви за потребите на државата

Она во минатото што го зборував, денеска го практикувам, а тоа е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Она во минатото што го зборував, денеска го практикувам, а тоа е во земјоделството да се превенираат ситуациите, да се затворат отворените прашања и да се решаваат сите спорни моменти кои што се појавиле, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

-Ние во моментот работиме на измена на Законот за вино, каде што превенираме несакани ситуации кои што би се јавиле во делот на откупот на грозјето, иако сме неколку месеци пред да започне откупот. Ние работиме да го дефинираме процесот на откупот, правилата на игра, а тоа во минатото не било пракса, посочи министерот.

Тој додаде дека и во делот на тутунот исто така се работи на измена, иако до започнување на откупот на тутун има уште 6-7 месеци.

Реклама

-Во делот на жетвата која што за месец и половина од сега ќе се случи, согласно ветувањето за стоковните резерви, мојата замисла е да се полнат со сопствено производство. Според досегашните правила на игра, согласно Законот за јавни набавки, Агенцијата за стоковни резерви распишува повик и влегува производ како пченица надвор од нашата држава, а домашното производство останува неоткупено. Веќе во финална фаза е измената на Законот каде што се редефинираат правилата за набавка на стоковни резерви, појасни министерот Трипуновски.

Министерот истакна дека целта е да се набави домашна храна за потребите на државата во стоковни резерви. Тука првата апликација ќе биде во делот на пченицата и во делот на оризот.