Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Економија

Грантовите за отворање сопствен бизнис, главен столб на Оперативниот план на Владата, за младите иднината да ја градат во Македонија

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ презема конкретни чекори за подобрување на економската состојба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ презема конкретни чекори за подобрување на економската состојба на граѓаните, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Преку мерки за поддршка за вработување ќе се подобри економската состојба на сите во државата, а со поддршката за самовработување и основање сопствени бизниси ќе се поттикне и развојот на економијата.

Со Оперативниот план 2025, насловен „Визија за промена“, исто така, Владата прави се младите луѓе да бидат задржани во Македонија. Тука да работат, творат и да ја градат својата иднина и семејство.

Реклама

Мерката за самовработувањето, предвидува да опфати 1.703 лица кои ќе имаат можност преку неповратен грант да отворат свои бизниси, што претставува директна поддршка за стартап бизниси на млади.

Мерките кои директно ќе влијаат развојот и напредокот на младата популација се, поддршката за самовработување-невработени млади лица до 29 години која треба да опфати 720 лица кои ќе добијат финансиската поддршка е 615.000 денари неповратни средства за основање на бизнис.

Поддршка за 220 млади до 29 години за здружување на два содружника во ДОО кои ќе добијат неповратни средства во износ од 1.230.000 денари.

Исто така, планот предвидува доделување на 3.000 денари за финансирање на дел од трошокот за регистрација на правен субјект.

Во овој Оперативен план се предвидува да бидат вклучени минимум 40 отсто од младите во државата, кои ќе имаат можност да работат и да творат во државата.

Оперативниот план има за цел да ја намали невработеноста и да го искористи целиот човечки капацитет на Македонија кој ќе донесе развој на економијата и ќе обезбеди подобар живот за сите граѓани, стои во соопштението на владејачката партија.