Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Пендаровски за Дојче Веле: Овој договор со Обединетото кралство не е договор

Стево Пендаровски, поранешен претседател кој доби функција на поклон од Зоран Заев…

Сподели:

Стево Пендаровски, поранешен претседател кој доби функција на поклон од Зоран Заев и чиј мандат остана запаметен по политичка сервилност, дипломатски резилења и рекорден степен на неважност, денес реши повторно да се јави од политичката сенка со уште една серија на празни флоскули. Наместо да се соочи со катастрофалните последици од неговото неработење, Пендаровски се обидува да дели лекции за државност, интеграции и политика, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Да потсетиме: Токму тој беше човекот што 5 години храбро ја одмолче секоја неправда и скандал на власта на СДС и ДУИ. Молчеше кога Бугарија го блокираше патот на Македонија. Молчеше кога неговите ментори во Владата ги менуваа учебниците, се откажуваа од историјата и преговараа за идентитетот. Го немаше никаде кога граѓаните бараа правда, кога Македонија тонеше во корупција, сиромаштија и понижувања на двоецот Заев-Ахмети. Пендаровски беше и остана гласноговорник на тивката капитулација.

Денес, кога државата има премиер што не прифаќа ултиматуми, кога власта се врати кај народот, кога се брани националното достоинство, Стево Пендаровски станува загрижен. Не за државата, туку за тоа што конечно нема кој да му даде фотелја.

Реклама

Неговите обвинувања за „колосално промашување“ не се ништо друго туку одраз на паниката во редовите на поразената елита. Нека биде јасно: Македонија нема да чека нови уценувања за да стане членка на ЕУ. Нема да тргува со историјата, идентитетот и достоинството. Владата предводена од Христијан Мицкоски е подготвена за реформски процеси, но не и за капитулација. За разлика од Пендаровски, кој молчеше и климаше со глава додека ја кршеа Македонија, денешното раководство зборува јасно, гласно и во интерес на граѓаните, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Пендаровски го обвинува Мицкоски за патриотизам. Да, вистина е, Мицкоски е патриот. Но не со зборови, туку со дела: со работа, со визија, со почит кон народот, со одбрана на државните интереси. Пендаровски пак, остана симбол за тоа како изгледа политичар без став, без поддршка и без кредибилитет.

1. Како тоа одиме кон „недемократски држави“ – како што вели Пендаровски – а склучуваме стратешки партнерства со Велика Британија и имаме редовни средби со највисоки претставници на САД, меѓу кои последната беше пред два дена со сенаторот Марко Рубио? Критиката на Пендаровски е или злонамерна или резултат на целосна неинформираност.

2. Пендаровски очигледно чувствува празен политички простор и се турка себеси како нов лидер на опозицијата. Наместо да се повлече и да се засрами за бламот што ѝ го нанесе на државата за време на неговиот мандат, тој, кој тогаш молчеше и одобруваше сè што ја донесе Македонија до работ на национален пораз, денес се јавува како гласноговорник на „загрижените“. Ако денес, според него, нешто не е добро, тогаш нека одговори зошто молчеше кога беше претседател? Дали тогаш сè беше во ред само затоа што фотелјата беше удобна, уцените јасни, а личните интереси пред сè? Зошто тогаш беше тивок како француска собарка пред важен гостин?

3. Пендаровски денес „не видел стратегиски договор со Британија“, човекот кој на Борисов му рече „кај си бе, љубави, те поздрави Зоки“, човекот кој правеше пазар со ДУИ базиран на сервилност и непринципиелност само за да остане претседател. И тоа молчејќи додека тие партии, СДСМ и ДУИ, ја крадеа и уништуваа државата. Ако не видел ништо, подобро и да не гледа. Македонија не му должи ништо, а од него памети само што значи да имаш претседател без ниту еден принцип, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

На крајот, ако Стево Пендаровски сака нешто да каже, нека почне со извинување: за неговата тишина, за неговото одобрување на срамните понижувања, и за тоа што како „врховен командант“ беше најтивкиот глас во времињата кога државата молеше за правда.

Народот веќе пресуди. Вие изгубивте. Македонија оди напред, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.