Реклама
Македонија

Професор Иван Саша Шихан: Македонија е пример за тоа како земјите во регионот можат да соработуваат со западните сили

Македонија е пример како земјите од регионот може да соработуваат со западните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија е пример како земјите од регионот може да соработуваат со западните сили и воедно да го заштитат својот суверенитет – земјава станува модел за западна алтернатива, во еден период на геополитичко влијание од Кина. Доказ за тоа е договорот за за стратешко партнерство со Обединетото Кралство вреден 5 милијарди фунти, кој ќе го отвори патот за нови инвестиции и модернизација на клучната инфраструктура, вложување во здравството, образованието, дигитализацијата…

Професорот Иван Саша Шихан, во својата анализа „Најдобар облог на Западот против Кина во Европа? Алијанса меѓу САД и Велика Британија“ ја посочува важноста на ваквите стратешки партнерства и договори. Според него, земјава преку овој договор ја покажала својата прозападна ориентација додека Кина со иницијативата „Еден појас, еден пат“ се обидува да го засили своето влијание во Европа и регионот, преку масивни инвестиции во железничката и дигиталната инфраструктура.

Македонија е пример за тоа како земјите во регионот можат да соработуваат со западните сили за модернизирање на инфраструктурата, а воедно да го заштитат суверенитетот, пишува професорот по јавни и меѓународни работи и заменик-декан на Колеџот за јавни работи на Универзитетот во Балтимор. (извор: Newsmax)

Реклама

За разлика од кинеските проекти и заеми кои честопати доаѓаат со високи каматни стапки и политички условувања, западните инвестиции, како оваа со Велика Британија, се транспарентни и усогласени со европските стандарди за тендерирање и работнички права, се вели во анализата на Newsmax.

Инфраструктурата мора да се препознае не само како прашање на физичка конструкција, туку како камен-темелник на стратешката политика, додава Шихан.

На денот на потпишувањето на Договорот во Лондон, вицепрмеиерот Николоски рече дека оваа соработка има значително политичко значење бидејќи е со клучен западен сојузник.

Договорот опфаќа инвестиции во железничка и товарна инфраструктура, реновирање на болници, развој на капацитети за сајбер безбедност, како и дигитална трансформација. Премиерот Христијан Мицкоски го опиша финансирањето како најдоброто што може да се добие на пазарот.

Инаку, преку својата иницијатива „Еден појас, еден пат“ (BRI), Пекинг го извезе овој инфраструктурен модел глобално, инвестирајќи многу во Азија, Африка и сè повеќе во Европа. Сепак, кинеските инвестиции предизвикаа загриженост во рамките на Европската унија (ЕУ) во врска со економските зависности и геополитичкото влијание. Токму поради ова, во анализата стои дека како дел од пошироката трансатлантска стратегија, договорот со Македонија се позиционира како алтернатива на кинеското присуство во регионот и како потенцијален модел за идни соработки меѓу Западот и земјите од Западен Балкан.

https://youtu.be/xGb28njYIlI