Реклама

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Економија

Оперативен план: Месечен надомест од 12.000 денари за 3 месеци обуки за жени и млади до 29 години преку

Владата е посветена на креирање мерки и решенија кои ќе ја подобрат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата е посветена на креирање мерки и решенија кои ќе ја подобрат перспективата и можностите на младите. Владата останува фокусирана на зајакнување на улогата на жените и младите во општеството, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Оперативниот план за вработување за 2025 година опфаќа мерката ОБУКИ за жени и млади до 29 години во рок од 3 месеци со месечен надомест.

Во овој циклус се предвидува мерката обуки со која ќе се опфатат над 2000 лица со различни профили на поддршка согласно нивните потреби, но и пазарните реалности.

Реклама

Првата обука којашто е наменета за невработени лица коишто се регистрирани во Агенцијата за вработување и оваа обука ќе биде кај конкретен работодавач, на конкретно работно место. Овде се вклучени се 245 лица. Приоритет имаат жени, млади до 29 години и долгорочно невработени лица. Секоја личност ќе добива надоместок од 12.000 денари месечно, за време на обуката којашто е во времетраење до 3 месеци.

Втората обука се однесува на обука за веќе побарувани занимања на пазарот на труд. Овде се опфатени 600 лица и фокусот на обуките е потврден со социјалните услуги, зелените работни места и трговијата и услугите. Исто како и во претходната и овде надоместокот ќе биде до 12.000 денари месечно.

Обуки за напредни и основни вештини, се однесува на обуките коишто се за компјутерски вештини и јазични обуки и опфаќа 720 лица.

Обуките коишто се однесуваат на напредни дигитални и ИТ обуки, се преку лиценцирани програми. Ќе можат да бидат опфатени и да ги искористат 470 лица, а секој учесник ќе добие меѓународно признат сертификат, што значително ќе ја зголеми неговата или нејзината конкурентност на пазарот на труд“, потенцира ВМРО-ДПМНЕ.

Владата преку програмите за вработување и самовработување ќе ги поддржи младите се со цел да стекнат вештини кои ќе им користат во нивниот напредок и професионалната кариера, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.