Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

Филипче: Дел од досегашните советници на СДСМ соработуваа со градоначалници од ВМРО ДПМНЕ од лични интереси

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, најави конкретни внатрепартиски промени во начинот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, најави конкретни внатрепартиски промени во начинот на избор на кандидати за градоначалници и советници на претстојните локални избори.

„Ќе предложам модел каде советниците ќе ротираат, односно ќе имаат мандат од две години, по што следните на листата ќе влегуваат во советот. Со тоа ќе овозможиме двојно повеќе наши другари и другарки да бидат дел од советничкиот состав во текот на четиригодишниот мандат. Сметам дека тоа е фер и создава простор за поголема вклученост“ изјави Филипче.

Најави и воведување на нов кодекс на однесување што ќе мора да го потпишат сите советници.

Реклама

„Дел од досегашните советници не си ги исполнуваа обврските, а некои дури и соработуваа со градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ водени од лични интереси. Тоа повеќе нема да се толерира. Кодексот ќе биде обврзувачки, а за негово прекршување ќе следуваат санкции“ порача тој.

Во врска со изборот на кандидати, Филипче потенцираше дека одлучувачката улога ќе ја имаат локалните организации.