Премиерот Христијан Мицкоски предмалку се сретна со неговиот унгарски колега Виктор Орбан во Будимпешта. Деталите од разговорите се уште не се соопштени.
Мицкоски отпатува во Унгарија за да учествува на конференцијата на Конференцијата за конзервативна политичка акција СИ ПАК каде попладнево треба да има свое обраќање.
Инаку вчера, на отворањето на Конференцијата, унгарскиот премиер упати благодарност до македонија и до премиерот мицкоски за клучната улога во одбраната на европската граница од илегалната миграција.
