Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

Минчев: Јавната администрација мора да се темели на знаење, стандард и визија

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска се обрати на тркалезната маса…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска се обрати на тркалезната маса по повод одбележувањето на 25-годишнината од основањето на Асоцијацијата на менаџмент консултантите на Македонија – МКА 2000. Настанот се одржа во Скопје, а на него присуствуваа претставници од ЕУ Делегација, од јавниот и приватниот сектор, CMC лиценцирани консултанти, партнери и соработници.

Во своето излагање, министерот Минчев ја нагласи значајната улога на професионалните консултанти во унапредување на квалитетот на јавните политики и управување со реформите, потенцирајќи дека вистинските реформи не се спроведуваат со декларации, туку со знаење, со поддршка од експерти и со градење систем кој се темели на професионализам, а не на политика.

Тој ја искористи оваа можност за да ги најави идните активности на Министерството, меѓу кои:

Реклама

- Ревидирање на Стратегијата за јавна администрација со фокус на отчетност, дигитализација и професионално управување со човечки ресурси;

- Усогласување на стандардите за јавни набавки на консултантски услуги, каде CMC сертификацијата ќе биде признаена како гаранција за квалитет;

- Примена на алатки за самопроценка како CAF за надворешна евалуација на институциите;

- Вклучување на теренски експерти во развој на стратешки документи и апликации за фондови.

„Верувам и се залагам за институции што се отпорни на клиентелизам и нефункционалност. Соработката со професионалци како Вас, кои работат без политичка агенда, е клучна за јавна администрација што ќе служи на граѓаните, а не на партиите“ – истакна Минчев.

Тој упати и повик за ново партнерство помеѓу јавниот и приватниот сектор:

„Да го промениме начинот на кој размислуваме за јавната администрација – од трошок во ресурс, од бирократија во сервис, од формалност во функционалност.“

Министерството за јавна администрација, како што посочи Минчев, останува отворен и активен партнер во креирањето на поефикасни и отчетни институции, нагласувајќи дека со партнерство, стручност и визија, Македонија може и мора подобро.

Настанот продолжи со панел дискусија посветена на темите на ефикасно управување, консултантски стандарди и идни перспективи за јавната администрација во Македонија.