Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

„Јас се срамам од таков коментар“: Бојковска за инсинуациите на СДСМ дека со Оперативниот план власта ќе вработувала млади сопартијци

-Јас се срамам од таков коментар. Мислам дека СДСМ се’ уште ја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

-Јас се срамам од таков коментар. Мислам дека СДСМ се’ уште ја немаат научено лекцијата и само тонат уште подолу, доколку и има поголемо дно од она во кое што се наоѓаат сега. Токму затоа е и моментот да го комуницираме и општиме „Законот за ангажирање сезонски работници“ и „Оперативниот план за вработување за 20205-та“, кои се многу транспарентни за јавноста. Се’ ќе биде транспарентно, за проектите со кои младите луѓе ќе аплицираат со сопствени бизнис-идеи, посочи пратеничката Драгана Бојковска.

Бојковска комплетно го демантира ова неаргументирано и манипулаторско тврдење на неинвентивната опозиција, која е заглавена во своите коруптивни навики, перцепција и акти кои ги практикуваа како власт, поради што и е позната по аферите, скандалите и криминалот.

-Навистина е потценувачки и срамота, но мислам дека младите луѓе многу јасно ја направија разликата меѓу едните и помеѓу другите и веќе создаваме една клима во која, наједноставно – кога ќе ги пуштиме вестите на ТВ, веќе сме навикнати во оваа една година да гледаме наплив на вести од проекти, од мерки, од убави работи кои што и се случуваат на Македонија, наспроти оние кои ги имавме во минатите седум години од владеењето на СДСМ – само скандали, само задолжувања за кои не знаеме за што се работи, играње на фудбалчиња по канцеларии, само различни коруптивни зделки и договори во четири очи, потенцира пратеничката.

Реклама

– Тоа време „КАКО ДО СЕГА“ заврши, многу е јасна разликата. Почнете од самото вклучување на вестите и ќе ја видите разликата и ќе видите дека сакаме да направиме атмосфера во која граѓаните ќе бидат релаксирани и нема да бидат оптоварени со вакви наративи, туку насочени кон сопствената продуктивност, кон сопствената работа, кон семејството, кон создавањето поквалитеттен живот. Ако за само една година направивме ваква промена, тоа нас не мотивира да ја бараме и добиваме повторно довербата на граѓаните за да направиме суштинска промена. Доста е од времето „КАКО ДО СЕГА“ и тие флоскули треба да бидат што е можно побргу заборавени, заклучува Бојковска.