Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Македонија

Хрватскиот претседател: Кандидатите се залажуваат себеси, само Црна Гора можеби ќе стане членка на ЕУ

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, изјави дека земјите се залажуваат себеси дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, изјави дека земјите се залажуваат себеси дека ќе станат членки на ЕУ, во која никој нема да влезе, освен можеби Црна Гора. „Државите се измамени со лажни ветувања дека ќе станат членки на ЕУ со цел да постигнат некои отстапки“, рече Милановиќ.

Тој додаде дека од другите се очекува да ја потчинат својата надворешна политика на интересите на Унијата, што е пресметка со Москва, како што се прави со Грузија, која има силен економски раст благодарение на својата географска положба.

Тој оцени дека ЕУ повеќе не е силата каква што се смета и дека главни играчи на светската сцена се САД и Кина.

Реклама

Според него, Европа повеќе нема ресурси, не е лидер во иновациите и знаењето, објавуваат хрватските медиуми.

Тој додаде дека успехот на ЕУ лежи во фактот што спречила конфликти и територијални амбиции меѓу членовите, без оглед на тоа што работите се разгоруваат тука и таму.

Зборувајќи за Член 5 од НАТО, кој е создаден во 1949 година и е воден од принципот „сите за еден, еден за сите“, Милановиќ рече дека клучен дел од текстот е дека „членовите на НАТО ќе реагираат на соодветен начин во зависност од проценката, вклучително и воена сила“.

Милановиќ изјави дека Хрватска ќе дејствува солидарно во рамките на воениот сојуз, но до одредена граница.