Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Економија

Димитриеска-Кочоска: Намалување на царинските стапки до 50 отсто од нивото на оние кои важат во ЕУ

Со измени на Законот за царински тарифи треба да се намалат 67…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со измени на Законот за царински тарифи треба да се намалат 67 царински стапки за одредени стоки кои како суровини или репроматеријали се користат во домашната индустрија, соопшти министерката за финансии Гордана Димитриoска-Кочоска.

-Предлог-законот предвидува да се изврши намалување на царинските стапки до 50 проценти од нивото на царинските стапки кои важат во ЕУ, со што ќе се придонесе и за поголема усогласеност со царинската тарифа на ЕУ и во делот на царинските стапки, а притоа имајќи ги предвид и правилата на Светската трговска организација каде што сме ние членка и мора и тоа да го почитуваме, рече министерката на седница за пратенички прашања одговорајќи на прашање на пратеникот Дејан Продановски од ВМРО-ДПМНЕ.

Нагласи дека со измените ќе се овозможат поповолни услови за извозноориентирани компании и се прави постепено хармонизирање со царински стапки што се применуваат во Европската Унија. Измените се направени и усогласени во консултација со Стопанската комора. Се излегува во пресрет на бизнис-секторот зашто целта е да се зголеми конкурентноста на домашни компании кои извезуваат на странски пазари, да се зголеми извозот и девизниот прилив.

Реклама

Со предлог-законот, меѓу другото, ќе се изврши намалување на царинската стапка и за литиум јонските батерии за складирање електрична енергија што, рече, е посебно важно и барано од коморите.

-Увозот што се правел од страна на одредени компании бил со царински стапки од 15 проценти, а ние како држава, особено во услови кога имаме зголемено производство на електрична енергија од фотоволтаични централи, во интерес ни е да имаме што е можно поголем капацитет или инвестирање во батерии коишто ќе ја складираат енергијата. Тоа беше и една од реакциите на сите три комори и тука повторно усогласивме и кажавме нема повеќе 15 проценти плаќање на увозни давачки за литиум јонски батерии кои се користат за енергетски батерии туку одиме со стапка од 2,7 проценти, посочи министерката.

Соопшти и дека во рамки на овој закон дополнително се предложени измени за укинување на царинските стапки за стоките со потекло од САД.

-Целосна либерализација на увозот на стоки со потекло од САД ќе доведе до зголемување на конкуренцијата на домашниот пазар, додека пак во меѓународната трговија едностраното намалување на царинските стапки праќа економска порака за забрзување на процесот на реципроцитет во меѓународната трговска размена. Иако директната трговска размена со САД не е голема, сепак САД се и стратешки партнери нa нашата земја и соработката со нив е значајна од секој аспект поради што Македонија е подготвена да го прошири и продлабочи блиското партнерство помеѓу двете земји, рече Димитриска-Кочоска.

Во однос на реакции дека ќе имаме слободен увоз без увозни давачки, таа порача дека во економијата „секогаш мора да имаме предвид кој е партнерот од другата страна“.

-Апсолутно сметам дека може само повеќе да придонесе и да обезбеди поголема конкуренција во однос на увозот што го правиме од други земји, додаде министерката за финансии.