Реклама

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Македонија

Муртезани во Мадрид на средба со ГенСек на Меѓународна фондација за јавна администрација

Во рамки на работната посета на Мадрид, министерот за европски прашања, Орхан…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамки на работната посета на Мадрид, министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска оствари средба и со генералниот секретар на Меѓународната фондација за јавна администрација (FIAP), Тобијас Јунг Алтроге, на која што се дискутираше за тековниот напредок и клучните предизвици во процесот на реформата на јавната администрација (РЈА) во Македонија.

Министерот Муртезани информираше за тековните активности и високото политичко внимание што му се посветува на процесот на реформа на јавната администрација, преку работата на Советот за реформа на јавна администрација, кој е под раководство на претседателот на Владата. Од конститутивната седница на Советот, одржана по усвојувањето на новата Стратегија за реформа на јавната администрација 2023 – 2030, се преземаат активности за нејзина имплементација, мониторинг и евалуација преку утврдениот систем за следење и известување.

Муртезани и Алтроге разговараа и за донесувањето на новите закони за административни службеници и вработени во јавниот сектор, како и за предизвиците што произлегуваат од спроведувањето на активностите предвидени со Акцискиот план за спроведување на Стратегијата за РЈА. Беа разменети и ставови околу можностите за продлабочена соработка со FIAP, со цел размена на меѓународни искуства, унапредување на капацитетите на јавната администрација и следење на најдобрите практики во јавната администрација.