Реклама

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Економија

Дурмиши: Интелектуалната сопственост е реална економска вредност

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, учествува на Меѓународниот форум во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, учествува на Меѓународниот форум во Астана 2025, се одржува на 29 и 30 мај во главниот град на Казахстан. Министерот Дурмиши се обрати на тематската сесија „Интелектуална сопственост во ерата на вештачката интелигенција и креативните индустрии: Предизвици и можности“.

Во своето обраќање, министерот Дурмиши ја претстави националната стратегија на Македонија за развој и заштита на интелектуалната сопственост како клучна компонента за економија базирана на иновации, со особен фокус на стартапи и мали и средни претпријатија.

„За нас, интелектуалната сопственост не е само правна заштита – тоа е реален економски ресурс,“ истакна министерот Дурмиши.

Реклама

Тој ги презентираше тековните иницијативи, како што се преводот на водичите на СЗИС (ËIPO) за стартапи, поддршката преку Фондот за иновации и технолошки развој, зајакнувањето на сајбер-безбедноста и усогласувањето на регулативите со стандардите на Европската унија. Во фокус на неговото излагање беа и инвестициите во инфраструктурата за иновации – вклучувајќи два Центар за извонредност, Технолошки парк, како и иницијативи за дигитална трансформација на малите претпријатија преку Европскиот дигитален иновациски хаб.

Учеството на овој форум претставува потврда за заложбата на Министерството за економија и работа да ја позиционира Македонија како земја отворена за иновации, паметни инвестиции и одржлив економски развој.