Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Македонија

Началникот на Генералштабот на АРМ на 18. конференција на началниците на Генералштабовите

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, вчера, 28 мај 2025…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, вчера, 28 мај 2025 година, учествуваше на 18. конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји (форум „BCHOD“), која се одржа во Истанбул, Република Турција.

Годинашната конференција, која се одржа на тема „Визија за употребата на беспосадни системи во идните оперативни средини“, беше отворена од страна на домаќинот, началникот на Генералштабот на Република Турција, генерал Метин Ѓурак.

Генералот во своето обраќање најпрво истакна дека форумот „BCHOD“ претставува успешна приказна за регионална соработка, а тоа треба да ги направи учесниците горди за прикажаните напори во зајакнување на регионалната безбедност преку воената соработка. Навраќајќи се на темата на конференцијата, истакна дека предизвиците од времињата во кои живееме, несигурната и комплексна иднина која се обликува од новите трендови, како беспосадните системи, бараат уште поинтензивна соработка помеѓу вооружените сили.

Реклама

Претседавачот на Воениот комитет, адмиралот Џузепе Каво Драгоне, за кого ова е прво појавување на овој форум и негова прва посета на Република Турција, во своето излагање ја нагласи стратегиската вредност на Балканот нагласувајќи: „Овој регион продолжува да биде помеѓу најважните приоритети на НАТО“. При ова генералот Драгоне ги потенцираше придобивките и потребата за континуирана воена соработка
помеѓу балканските земји.

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, во своето обраќање потенцираше дека се наоѓаме во исклучително важен период, а одлуките кои се носат ќе дефинираат како ќе се развива воената моќ во иднина. Генералот Лафчиски наведе дека Армијата на Македонија го препознава значењето на беспосадните системи и активно работи на модернизација и зајакнување на овие
капацитети.

Навраќајќи се на важноста на форумот, генералот Лафчиски наведе дека треба да се продолжи со одлучност, заедништво и цврста определба за напредок, бидејќи така ќе се изгради поцврста, понапредна и поотпорна Армија и Алијанса.

Во рамки на конференцијата, генералот Лафчиски оствари и билатерални средби и се запозна со капацитетите на одбранбената индустрија на Република Турција.

На конференцијата, покрај домаќинот, началникот на Генералштабот на Република Турција, генерал Метин Ѓурак, началникот на Генералштабот на Армијата генерал- мајор Сашко Лафчиски и претседавачот на Воениот комитет, адмиралот Џузепе Каво Драгоне, учествуваа и началниците на Генералштабовите на армиите на: Грција, генерал Димитриос Чоупис; Србија, генерал Милан Мојсиловиќ; Романија, генерал Ѓеоргита Влад; Босна и Херцеговина, генерал-полковник Гојко Књежевиќ; Бугарија, адмирал Емил Ефтимов; Албанија, генерал-мајор Арбен Кинџи; Словенија, генерал – потполковник Роберт Главаш, како и началникот на штаб на Црна Гора, полковник Митар Кликови и директорот на Генералштабот на Хрватска, генерал-мајор Денис Третињак.

Форумот „BCHOD“ е основан на иницијатива на Грција и Турција во 2006 година. Официјално иницијативата е воспоставена со потпишување на „The Terms of Reference of the Balkan Countries’ CHODs Conference on Military Cooperation“ од страна на началниците на Генералштабовите на балканските земји на 10 мај 2007 година во Брисел. Главната цел на оваа иницијатива е промоција на стабилноста, соработката и добрососедството на земјите во регионот.